Лукаку со емоционална исповед: Тешко ми е по смртта на татко ми, особено поради начинот на кој го загубив

by bojan
1 минути читање

Ромелу Лукаку вчера повторно беше херој за Наполи, напаѓачот постигна гол во 96. минута и донесе три важни бода од гостувањето кај Верона.

Изминатите месеци не беа лесни за Ромелу Лукаку, почина неговиот татко, плус тој се мачеше со повреда.

По пауза од 281 ден, тој вчера се запиша во листата на стрелци и постигна многу важен гол, донесе три бода за Наполи против Верона кога сите очекуваа нов кикс на „наполитанците“.

„Среќен сум за тимот, штета што го примивме тој гол, но си заминуваме дома со трите бода“ – вели напаѓачот од Белгија.

При прославата на голот, Ромелу Лукаку покажа кон небото: „Ова беа тешки месеци за мене на личен план. Фудбалот ми даде многу, но да го изгубиш татко ти, и тоа на таков начин, навистина е тешко“.

„Но продолжувам понатаму за моите деца, за семејството и за Наполи, клубот навистина ми даде многу“.

„Пред да дојдам во Наполи бев мртов играч“.

ФОТО: fb/SSC Napoli

Можно е и ова да ти се допаѓа

×