Лукаку се колне дека 23 од 25 фудбалери на Интер биле болни, а Шкринијар ќе се онесвестел?

by
2 минути читање

Пред извесен
период Кевин Де Брујне во изјава за јавноста посочи дека пред да почне хаосот
со коронавирусот во неговото семејство имало болни со температура, а ваквите
случаи кои навестуваат дека Ковид-19 бил активен и пред властите да го утврдат
во одредени земји сега е помеѓу главните теми кај здравствените институции.

Со слична
реторика доаѓа и зачудувачката изјава на напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, кој
тврди дека дури 23 од 25 фудбалери на Интер биле болни со кашлица и треска уште
во јануари, но, истите не биле тестирани за присуство на коронавирус.

Имавме една
седмица одмор во декември, потоа се вративме на клупските обврски и се колнам
дека 23 од 25 фудбалери беа болни, не се шегувам за ова. Игравме против Каљари
на Раџа Наинголан, а по само 25 минути игра, еден од нашите дефанзивци мораше
предвреме да го напушти теренот, не можеше да продолжи, малку недостасуваше да се
онесвести
“ тврди белгискиот напаѓач во разговор со белгискиот тв презентер
Кат Керхофс на социјалните мрежи.

Мечот на кој
алудира Лукаку се играше на 26. јануари во рамките на 21. коло од „Серија А“,
истиот во Милано заврши со резултат 1-1, а фудбалерот за кого индиректно
посочува е Милан Шкринијар, дефанзивецот кој уште во 17. минута го напушти
теренот и беше заменет со Годин.

Од тоа што досега
е познато од таа ситуација околу Шкринијар, е тоа што Словакот чувствувал
вртоглавица, а не бил целосно рехабилитиран од настинката.

Првиот официјален
случај на коронавирус во Италија беше на 21. февруари, а дотогаш ниту еден од
фудбалерите не бил тестиран, а Лукаку додава за една уште поконтроверзна
ситуација, тврди дека со години не се здобил со настинка, а тогаш почувствувал
такво нешто.

Сите кашлаа тој
период, имаа настинка, јас лично кога се загревав, почувствував таква топлина
која не беше вообичаена дотогаш, со години не сум бил настинат
“ вели Лукаку.

По мечот имавме
планирана вечера со гости од „Пума“, јас им се заблагодарив и отидов право во
кревет, никогаш немавме тестирање за Ковид-19 во тие моменти, никогаш нема да
знаеме со сигурност во каква состојба сме биле
“ заклучи Белгиецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×