Интер наводно го
прифатил извинувањето на својот напаѓач Ромелу Лукаку откако Белгиецот
сугестираше на тоа дека клубот не презел посебни мерки за да ги заштити
фудбалерите од „Ковид-19“.
Лукаку во едно
интервју на социјалните мрежи (повеќе – ТУКА) рече дека 23 од 25 фудбалери на
Интер биле болни со кашлица и треска уште во јануари, меѓутоа не биле тестирани
за евентуално присуство на коронавирус.
Лукаку: Еден од нашите дефанзивци не можеше да продолжи, малку недостасуваше да се онесвести
Во интервјуто тој
наведе и еден доста контроверзен детал за Милан Шкринијар, наведувајќи дека
малку недостасувало словачкиот дефанзивец да се онесвести за време на
натпреварот со Каљари, а сега „Ла Република“ тврди дека напаѓачот веднаш се
извинил до клубот.
И покрај тоа што
веројатно е дека Лукаку го прекрши етичкиот кодекс во клубот, во Италија
наведуваат дека тој нема да добие казна од клубот.