Лукаку се изнапромашува, Хрватска и Мароко одат во осминафиналето (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Хрватска и Белгија одиграа возбудлив натпревар кој заврши без голови, Хрватите на крајот беа посреќни, Лукаку се изнапромашува, ја погоди и стативата.

Лукаку во игра влезе со почетокот на второто полувреме и до последната минута од мечот имаше големи шанси за гол, но се гледа дека е далеку од нормална форма.

Хрватска успеа да го одржи ремито и како второпласирана патува во осминафиналето на Светското првенство.

Таму ќе биде и Мароко кој со 2-1 ја совлада Канада, резултат постигнат во првото полувреме.

Мароко поведе уште во четвртата минута по еден голем кикс на Борјан, Зијеш реализираше за 1-0.

Во 23. минута веќе беше 2-0 за Мароко благодарение на гол на Ен Несири.

На пет минути до крајот на одморот, Агуерд си постигна автогол и ги постави конечните Мароко – Канада 2-1.

Мароко со седум бода го освои првото место, Хрватска со пет е втора, Белгија испадна со четири бода, Канада не освои ниту еден бод.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани