Напаѓачот е решен ова лето да замине од Гудисон Парк, и за неговиот потпис
ќе се борат Челси и Манчестер јунајтед.
„Останување во Евертон не е опција” – вели Лукаку. „Во моментов нема ништо конкретно, но мојот
агент е зафатен и во преговори”.
„Знам каде сакам
да играм. Во клуб кој ќе настапува во Лигата на шампионите и ќе освојува титули
во Англија”.
„Мојот агент
разговара со еден клуб, и јас знам каде сакам да се пресалам. Едноставно треба
да бидеме трпеливи. Договорен е состанок и чекам повик”.
Медиумите од
Англија велат дека клубот за кој зборува Ромелу Лукаку е Челси и се говори дека
играчот е многу блиску до постигнување договор со „Сините“.
Но клубот од
Стемфорд Бриџ не е спремен да плати 100 милиони фунти колку што бара Евертон и
сака да ја спушти цената до 80 милиони фунти.
Исто така се
шпекулира дека „Карамелите“ преферираат да го продадат Ромелу Лукаку на
Манчестер јунајтед.
Евертон посакува
да ги ангажира Крис Смолинг и Серхио Ромеро, па затоа инсистира на зделка со
„Црвените Ѓаволи“.