Лукаку сака да игра и во трет италијански клуб, но има еден услов!

by riste
1 минути читање

Иднината на Ромелу Лукаку се уште е непозната, тој најверојатно нема да остане во Челси, а негова желба е да се пресели во Наполи, но тоа ќе се случи само ако Виктор Осимен си замине од таму.

Лукаку ги одбил сите други понуди, особено оние од Саудиска Арабија, решен е да чека да види како ќе се развива ситуацијата во Наполи.

Тој сака повторно да работи со Антонио Конте кој исто така го посакува Лукаку во својот тим.

Но, трансферот ќе се случи само доколку Виктор Осимен го напушти Наполи. Тој се поврзува со ПСЖ, но засега нема ништо конкретно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани