Лукаку објасни зошто го одбил Челси и го одбрал Манчестер јунајтед

by
2 минути читање

Белгијанецот
долго време се поврзуваше со враќање на Стемфорд Бриџ, но оваа недела се случи
голем пресврт, Манчестер јунајтед за кратко време се договори со Евертон и
Мурињо го украде Ромелу Лукаку од Конте.

Напаѓачот утрово
ги помина редовните лекарски прегледи и во интервју за ЕСПН образложи зошто ги
одбрал „Црвените Ѓаволи“.

„Манчестер
јунајтед е најголемиот клуб во светот, клуб кој е гладен одново да ја освои
Премиерлигата и да биде доминантна сила
– вели Лукаку.

„Ова е шанса која
ја посакував уште кога бев дете
.

„Кога Манчестер
јунајтед ми се јави, не се двоумев ниту една секунда. Па задоволен сум што ќе
бидам дел од нивната историја
.

Напаѓачот потоа
додава: „Кој би му кажал не на најголемиот клуб во светот?

„Тие го имаат најдобар стадион
во Англија, најдобрите фанови. Ова е перфектна шанса
.

„Постојано велев
дека сакам да играм за тим кој ќе се бори за секој можен трофеј и мислам дека
Манчестер јунајтед во овој момент сака да биде тој доминантен клуб, таа
доминантна сила
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани