Лукаку не е единствениот фудбалер кому му „тргнало“ откако си заминал од Челси

by
5 минути читање

Ромелу Лукаку е
еден од фудбалерите на кои формата им отишла во нагорна линија откако го
напуштиле Челси.

Позајмицата во
Вест Бромвич Албион, и посебно во Евертон, не го предомисли Челси да го задржи
во своите редови, па откако Белгиецот потпиша договор со „Карамелите“ кои
целосно го откупија напаѓачот, Челси сега има за што да се кае, а познато е
дека тимот од Лондон почна со бај-бек клаузули во договорите на талентираните
фудбалери кои ги пушта на позајмица или пак ги продава.


На листата на
фудбалери кои ги објави „Мирор“ се наоѓа Кевин Де Брујн, Белгиецот не доби вистинска прилика за
докажување под кормилото на Мурињо на стартот од сезоната 2013/14.

Следеше преселба
во Волфсбург во 2014. година, неговите блескави изданија го натераа Манчестер
Сити да го ангажира најдобриот офанзивец во Бундеслигата, потегот на Сити се
исплатеше.

Еден од
фудбалерите кои заслужува да се најде на оваа листа е секако и Мохамед Салах,
Египјанецот кој исто така не доби адекватна прилика за докажување во Челси, па
следеше преселба во Рома а неговите одлични изданија во Рим беа и повеќе од
добра причина Ливерпул да биде конкретен во намерата да го ангажира.


Ливерпул
со потрошените 39 милиони фунти за овој трансфер, го урна својот рекорд во
однос на засилувањата.

Секако дека тука
е вметнат и Даниел Стариџ, кој одлучи дека повеќе нема што да бара во Челси па
во 2013. година како голем талент премина во редовите на Ливерпул, кој доби
одлично засилување, игрите на Стариџ го потврдуваат тоа.

Дека Стариџ вреди
многу повеќе од 12 милиони фунти, сума која Ливерпул ја исплати за него, говори
и следната статистика – 60 погодоци на вкупно 119 натпревари за тимот од „Енфилд
Роуд“.

Уште една неуспешна
приказна за Челси доаѓа во Рајан Бертранд, левиот бек беше испратен на
позајмица во Саутемптон, таму одигра одлично, па се најавува негово враќање на
„Стемфорд Бриџ“ ова лето.

Она што е
интересно, Саутемптон издвои 12 милиони фунти за да го откупи неговиот договор
од Челси, има важечки договор до 2021. година, па „Сините“ сега ќе мораат да го
одврзат ќесето доколку сакаат да го вратат во своите редови.

Можеби немаше да
биде тоа што е денес доколку не го напуштеше Челси во 2011. година по само две
години минати во Англија. Немања Матиќ беше испратен во Бенфика како дел од
договорот за ангажман на Давид Луиз.

Три години
подоцна Матиќ се врати во Челси, но за сума од 21 милион фунти, и стана еден од
водечките фудбалери на теренот за англискиот шампион.

По освојувањето
на шампионската титула со Челси во 2015. година, под кормилото на Мурињо, сега
Србинот би можел повторно да соработува со португалскиот стратег, но во
редовите на Манчестер јунајтед, барем така најавуваат медиумите на Островот.

Хуан Квадрадо
беше пикиран во 2014. година по одличните изданија на Колумбиецот на Светското
Првенство, се најавуваше како голема ѕвезда во тимот на Челси откако пристигна
од редовите на Фиорентина која инкасираше 31 милион фунти за овој трансфер.

Следеше позајмица
во Јувентус за 5 милиони евра, италијанскиот шампион доби прилика да го откупи
договорот на фудбалерот за додатни 20 милиони евра, тимот од Торино пред
извесен период го искористи тоа право и во моментов целосно го поседува, а тој
се одолжува со одлични изданија.

„Патешествие“
барем кога станува збор за лошата трансфер политика на Челси, имаше и
Бразилецот Давид Луиз.

Најпрво пристигна
од Бенфика за 25 милиони евра, за потоа да биде продаден на ПСЖ за приближно 50
милиони евра, но се врати набргу во Челси за 35 милиони евра. Доколку се сумира
севкупно, математички за Давид Луиз, Челси доби 15 милиони евра од неговиот
богат трансфер во ПСЖ.

Извор/Фото: mirror.co.uk

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани