Денеска медиумите
од Англија пренесоа сензационална вест, Жозе Мурињо му го краде Ромелу Лукаку
на Антонио Конте.
Челси долго време разговараше со Евертон, и се чинеше дека Белгијанецот е на чекор до
враќање на Стемфорд Бриџ.
Но преговорите не
го бележеа посакуваниот прогрес, Манчестер јунајед го искористи тоа и со
помош на Мино Рајола за кратко време договори трансфер вреден 75 милиони фунти.
Последните
извештаи велат дека Ромелу Лукаку сега во Лос Анџелес ќе ги помине редовните
лекарски прегледи.
Тој потоа ќе чека
експедицијата на Манчестер јунајтед да отпатува на турнеја во САД и да стане
нов „ѓавол“ во „градот на ангелите“.
Се говори дека
Белгијанецот до крајот на неделава ќе стане второто засилвуање за Жозе Мурињо.