Лукаку го постигна првиот гол за Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед го одигра и вториот пријателски натпревар, забележа уште една победа, а на овој меч Ромелу Лукаку го постигна својот деби гол.

Рал Солт Лејк поведе по 23 минути игра со гол на Силва, но само шест минути подоцна по една убава акција со Лукаку и Лингард, Мхитарјан постигна погодок за изедначување на 1-1.

Во 38. минута Лукаку реализираше за комплетен пресврт и победа од 2-1.

Не беше се позитивно за Манчестер јунајтед на овој меч, Мата го напушти натпреварот поради повреда, а Валенсија доби црвен картон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани