Лукаку е во отворена „војна“ со Наполи, не се појави на тренинг!

by 24 фудбал
1 минути читање

Случајот со Ромелу Лукаку во Наполи добива нова димензија и се претвора во сериозен конфликт меѓу напаѓачот и клубот.

Белгискиот репрезентативец не се појавил на денешниот тренинг, иако се очекувало да им се приклучи на соиграчите по паузата. Наместо тоа, Лукаку останал во Антверпен, каде што работи на рехабилитација во истата клиника каде што претходно се лекуваше и Кевин Де Брујне.

Според информациите од Италија, напаѓачот нема намера да се врати во Неапол пред следната недела, што дополнително ја влошува ситуацијата. Во клубот сериозно размислуваат за дисциплинска постапка, бидејќи Лукаку останал во Белгија без дозвола.

Инаку, 32-годишниот напаѓач оваа сезона има минимален придонес поради тешката повреда заработена во август, па досега има само седум настапи, 64 минути на терен и еден постигнат гол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×