Лукаку: Адриано ми беше идол од детството, да игравме заедно во Интер ќе дадевме 70 гола во сезона

by
2 минути читање

Преку официјалниот инстаграм профил, Интер им овозможи на Лукаку и Адриано да си направат муабет и да се запознаат.

„Ова е остварување на сонот за мене. Тој беше мој идол кога бев дете и правеше одлични работи и за Интер и за Бразил. Замислете што ќе беше ако игравме заедно, ќе дадевме 70 гола во сезона! Сакам да ги следам неговите чекори тука во Интер“, изјави Лукаку.

Адриано го праша Лукаку како се прилагодил во Интер и зошто го одбрал италијанскиот клуб кога си заминал од Манчестер јунајтед.

„Кога се појави шанса да дојдам тука во Италија, размислував само за Интер. Бев заљубен во тимот кој ги освои сите купови и имаше одлични напаѓачи. Првата недела беше комплицирана бидејќи Серија А е лига каде што многу се обрнува внимание на тактиката, требаше да ги научам движењата“.

„Сакав да одам во Интер после Англија, сакав да го искусам фудбалот тука. Првото финале кое го гледав беше во 1998 во Купот на УЕФА, тој фантастичен перформанс на Роналдо… Секогаш си велев дека ако треба да одам во Италија, ќе играм за Интер“.

„По ситуацијата која ја имав во Италија, важно ми беше да бидам во клуб кој ќе ми даде поддршка. Среќен сум тука, и јас и мојата фамилија“.

Двајцата напаѓачи си ги кажаа импресиите од деби натпреварите за Интер.

„Бев нервозен, бидејќи тоа ми беше остварување на сонот и фановите ми дадоа топло добредојде. Гледав повеќе во нив отколку во топката“, призна Адриано.

„Точно е“, реплицираше Лукаку и додаде: „Јас прво погледнав во мојата фамилија на трибините, па во фановите, па дури потоа на теренот“.

На крај Адриано му посака среќа на Лукаку.

„Го зема моето место! Среќен сум што Интер те купи, ти си одличен напаѓач и ти посакувам се најдобро. Интер е како фамилија и играчот го чувствува тоа. Очекувам големи работи од тебе!“, му рече Адриано на Лукаку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×