Лука Модриќ направи подвиг како никој друг во топ пет лигите сезонава

by 24 фудбал
1 минути читање

Милан славеше победа од 3-2 против Торино во 30. коло од Серија А, а фантастична партија одигра Лука Модриќ.

Хрватскиот ветеран уште еднаш покажа класа на „Сан Сиро“, а посебно внимание привлече неговата совршена прецизност во долгите додавања. Модриќ имаше неверојатни 11 од 11 успешни долги топки, што е учинок каков што сезонава не успеал да оствари ниту еден фудбалер во најсилните пет европски лиги.

Иако има 40 години, Модриќ одигра цел натпревар на високо ниво и доби оценка 7.7 според „Sofascore“. Беше сигурен и во дефанзива, а дополнително импресионираше со 94 проценти точни додавања.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×