Лука Модриќ испиша историја, Хрватска и Мароко ги поделија бодовите (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Хрватска и Мароко
ги поделија бодовите во првиот натпревар од групата Ф на мундијалот во Катар.
Во меч со многу борба но малку прави шанси, мрежите останаа незатресени.

Најдобрата
прилика ја имаше Влашиќ во финишот на првиот дел, но Боно го одрани неговиот удар
од пет метри. Во следниот напад Хрватска одново се закани, но Модриќ биеше над
голот од врвот на шеснаесетникот.

Во продолжението
од натпреварот, најблиску до гол беше Хакими, кој убаво биеше од слободен удар,
но Ливаковиќ не дозволи да биде совладан.

За Лука Модриќ дуелот
значеше испишување историја, тој стана првиот фудбалер кој во три различни
декади настапил на Европско и Светско првенство.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×