Лука Јовиќ одби побогати понуди, останува во Европа и одбра интересен тим!

by 24 фудбал
1 минути читање

Лука Јовиќ ќе ја продолжи кариерата во редовите на АЕК Атина по заминувањето од Милан.

Српскиот фудбалер имаше понуди според кои ќе заработуваше многу повеќе на Блискиот Исток и во Мексико, меѓутоа сакаше да остане во Европа. Јовиќ го одбра грчкиот тим кој од клупата го предводи српскиот тренер Марко Николиќ.

Во Атина е подготвен двегодишен договор за Јовиќ, а тој се очекува на потпис со АЕК во текот на денот.

Кариерата на Лука Јовиќ тргна во Црвена Звезда, па преку Бенфика стигна до Ајнтрахт Франкфурт каде што блесна и го привлече вниманието за трансфер во Реал Мадрид. Потоа настапуваше за Фиорентина и Милан, а сега се приклучува на АЕК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×