316
Во последната колумна на легендарниот италијански стратег, Фабио Капело, тема беше и Лука Модриќ кој летово пристигна во Серија А каде што ќе го носи дресот на Милан. ќ.
Искусниот фудбалер за врска се придружи на „росонерите“ по истекот на договорот со Реал Мадрид, а од него клубот очекува да биде вистински лидер на средината од теренот.
„Лука е професор од светска класа кој и на 40 години ќе донесе свежина и ќе доминира во Серија А. Милан има стабилен среден ред, а сум убеден дека Модриќ ќе биде неговиот вистински лидер“, истакна Капело.
Хрватот во Милано доаѓа по 13 сезони со „кралскиот клуб“, во кои го освои секој можен трофеј на клупско ниво.