Луис Суарез почна да ги гризe и соиграчите! (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Луис Суарез повторно е во фокусот на јавноста откако на социјалните мрежи се појави видео од една мешаница на натпреварот помеѓу Интер Мајами и Лос Анџелес ФК, напаѓачот тргна да го гризе својот соиграч Жорди Алба.

Во четвртокот, Интер Мајами се сретна со Лос Анџелес ФК во четвртфиналето на КОНКАКАФ Лигата на шампиони, натпревар кој тимот од Флорида го доби со 3-1 со помош на два гола на Лео Меси.

Но сега на социјалните мрежи кружи една сцена од натпреварот која не беше забележана во прв момент.

Во финишот од мечот настана мешаница а Луис Суарез тргна да го гризе својот соиграч Жорди Алба, веројатно напаѓачот ја помеша раката на левиот бек со таа на Оливие Жиру, кој пак го зграпчи Шпанецот за врат.

За Уругваецот е добро познат по ваквите свои постапки, доби суспензија од 10 натпревари откако го гризна Бранислав Ивановиќ на натпревар помеѓу Ливерпул и Челси во Премиерлигата, а потоа доби четири месеци суспензија откако го гризна Џорџо Кјелини на натпревар помеѓу Италија и Уругвај на Светското првенство во 2014.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани