Луис Суарез го послуша срцето и ги одби понудите од МЛС

by
0 минути читање

Луис Суарез го послуша срцето и ги одби понудите од МСЛ. Неколку клубови од САД сакаа да го донесат напаѓачот во своите редови, последните информации велеа дека предлог доставил Лос Анџелес ФК, каде летово пристигнаа Герет Бејл и Џорџо Кјелини.

Сепак Уругваецот на крајот реши да се врати дома, со видео објавено на социјалните мрежи, Луис Саурез откри дека има пред-договор со Насионал, клубот во кој ја започна кариерата.

Сега останува да се испеглаат деталите и се очекува наскоро да пристигне официјална потврда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани