82
Уругвај доживеа голем пораз од Бразил од 4-1 во Монтевидео, во среда ќе пробаат да го поправат впечатокот на гостувањето кај Перу. Но и покрај загубениот меч, Суарез најде време за еден убав гест.
Едно дете, по име Лукас долго време се обидувал да се запознае со Луис Суарез.
Неговата приказна стигна и до весникот „Овасион“ кој излезе со насловна од која се гледа како момчето се труди да се запознае со Суарез, а фудбалерот го игнорира.
Откако насловната страна на весникот стана го преплави интернетот, Луис Суарез реши да ја поправи грешката која била ненамерна и да го оствари сонот на момчето.
Lucas conoció a Luis Suárez!! pic.twitter.com/dKUN5xGvmi
— maria jose (@majoseluzardo29) March 26, 2017