Луис-Скели како фудбалски фан на Арсенал го прослави доаѓањето на Ѓокереш! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Денеска Фабрицио Романо го кажа славното „Here we go“ за трансферот на Виктор Ѓокереш во Арсенал, а тоа значи дека се е договорено и останува само уште формално да биде потврден.

Вирално стана видеото од бекот на Арсенал, Мајлс Луис-Скели кој се израдува на оваа информација како вистински фан на клубот.

Но, за 18-годишнио Луис-Скели може да се каже дека е и вистински фан со оглед на тоа што е роден во Лондон и уште од девет години е член на Арсенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×