Луис Фиго ги откри мотивите за трансферот од Барселона во Реал Мадрид

by
1 минути читање

Во јули 2000,
Луис Фиго направи изненадувачки и контроверзн трансфер, за 62 милиони евра ја
напушти Барселона и се пресели во редовите на лутиот ривал Реал Мадрид.

„Каталонците“
никогаш не му го простија ова предавство, на еден натпревар дури го гаѓаа и со
свинска глава. Во разговор со својот пријател Жозе Моро, тој сега ги откри
мотивите за преселбата на „Сантијаго Бернабеу“.

„Кога правите
промени секогаш се надевате на најдоброто. Првата голема и логична промена беше
преселбата од Португалија во Шпанија (трансфер во Барселона),  бев многу млад и го сторив тоа за да се
здобијам со искуство и поголем престиж“
– вели Луис Фиго.

„Со втората
промена која ја направи (трансферот во Реал) барав признавање, и да се обидам да напредувам од неколку аспекти: финансиски, престиж, трофеи… Последната
промена, кога потпишав за Интер, едноставно барав да бидам среќен во фудбалот“.

Биди модерен,
обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит,
регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×