Луис Енрике: Тешко е да се вратиме како против ПСЖ, но…

by
1 минути читање

Барселона одигра уште еден ужасен гостински меч и загуби од Јувентус со убедливи 3-0, натпревар кој многу наликуваше на тој во Париз. 

„Првиот дел од мечот беше многу тежок, сличен на оној во Париз. Во второто полувреме се подобривме, но првото полувреме беше многу проблематично. Тешко е за еден тренер кој смета дека се направил добро за својот тим, да гледа неуспех. Сега треба да се кренеме и да се обидеме да направиме пресврт во реваншот“ – вели Луис Енрике.

Барселона успеа да се врати од 4-0, да направи историски камбек, но може ли и до ново чудо.

„Треба да се обидеме да одиграме добро во реваншот. Тешко е да се направи пресврт како тој против ПСЖ, но исто така беше тешко да загубиме два пати како што загубивме во Франција, но тоа се случи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани