Луис Енрике со емотивна порака се прости од шпанската репрезентација (ФОТО)

by
2 минути читање

Откако беше соопштено дека Луис де ла Фуенте е нов селектор на Шпанија, Луис Енрике со емотивна порака на социјалните мрежи се прости од шпанската репрезентација.

„Во мое име и во името на луѓето од мојот стручен штаб: се започна пред четири години, колку брзо тече времето. Можам само да им бидам благодарен на оние кои двапати ме направија селектор (претседателот Рубиалес и спортскиот директор Молина). Им благодарам на сите вработени во федерацијата со кои многу поминавме. Секако и до фудбалерите кои дадоа пример со своето однесување и однос кон идеите кои се обидував да ги наметнам. Жал ми е што не можев повеќе да помогнам. Исто така и на помошниците кои неуморно работат за да им помогнат на играчите и на персоналот во се што треба. Беше многу посебно да се биде дел од ова. На крајот, но не и најмалку важно, би сакал да им се заблагодарам на навивачите кои постојано не поддржуваа, особено во најтешките моменти. Време е да се каже „збогум“ и исто така сакам да истакнам дека на репрезентацијата ѝ е потребна поддршка во кваква било форма за Луис де ла Фуенте да постигне се што сака. Напред Шпанија“, напиша Луис Енрике.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани