Луис Енрике се збогува со Барса со трофеј од Копа Дел Реј (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барса стигна до
29. титула во Копа дел Реј, клубот од Камп Ноу, вечерва без многу проблеми
славеше со 3-1 над Алавес.

Лео Меси биеше
неодбранливо од врвот на шеснаесетникот по половина час игра за 1-0.

Три минути
подоцна, Тео Ернандез со прекрасен гол од слободен удар изедначи на 1-1.

Во 45. минута,
Нејмар погоди за 2-1 а во третата минута од судиското надополнување на првиот
дел, Алкасер ја затресе мрежата на Алавес и ги реши сите дилеми.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани