Луис Енрике признава: Направив грешка…

by
1 минути читање

Вечерва во Елче
со почеток од 20,45 часот Шпанија на домашен терен го пречекува светскиот
вицепрвак Хрватска, во рамките на второто коло од групата „4“ од Лигата „А“ во
Лигата на нации.

Шпанците тргнаа
со победа кај Англија од 1-2 во првото коло од најновото натпреварување, а
селекторот Луис Енрике веќе призна една грешка, и тоа Јаго Аспас, фудбалерот на
Селта доби повик откако отпадна од комбинација за настап Диего Коста поради
лични причини, Аспас доби улога на стартер и ја оправда довербата, а Енрике ја
призна грешката.

Тренинзите често
може да ви донесат надминување на вашите очекувања, многу е важно од тренерски
агол да препознаете кога некогаш сте направиле грешка на некого, таков беше
случајот со Јаго Аспас
“ издвои Енрике.

Откако го гледам
на тренинзите, морам да признаам дека претходно не сум го испочитувал доволно

додаде селекторот на Црвената фурија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×