Луис Енрике по мечот со Косово: Ова беше како породување со компликации

by
1 минути читање

Дуелот меѓу Косово и Шпанија крена и политичка врева. Шпанската телевизија која го пренесуваше мечот го нарекуваше тим од територијата Косово, а на прес конференцијата пред мечот Сабарија одбиваше да спомне Косово.

Сето тоа е затоа што Шпанија е една од земјите кои не го признаваат Косово.

Но и на теренот мечот не беше лесен за Шпанија иако на крајот победија со 2-0. Шпанците поведоа со 1-0 преку Форланс во 32. минута, а триумфот го заверија дур во 90. минута со гол на Феран Торес.

Тие се во комплицирана ситуација на табелата бидејќи имаат пораз од Шведска, но се уште сами одлучуваат за првото место.

„Ова беше како породување со компликации“, изјави Луис Енрике по мечот.

„Овој вид на натпревари секогаш се тешки. Септември не е најдобар месец за натпревари бидејќи фудбалерите се уште не се влезени во форма. Како и да е, на крајот успеавме да ги освоиме трите бода. Тимовите денес се многу изедначени“.

„Првото место зависи од нас, имаме уште два натпревари, еден од нив е со Шведска, па ќе видимем што ќе се случи. Важно е дека зависи од нас“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани