Дебатата за тоа
кој треба да ги понесе идивидуалните награди за најдобар одново е топ тема
откако неодамна УЕФА го прогласи Лука Модриќ за фудбалер на годината, а и ФИФА
ги соопшти тројцата кандидати за наградата „Бест“ каде Хрватот заедно со
Кристијано Роналдо и Мо Салах се финалисти.
Одлуката на УЕФА
не му се допадна на ЦР7 кој беше бесен што остана пократок за оваа награда, а
неговиот агент Жорж Мендеш „распали“ по европската куќа на фудбалот и порача
дека изборот бил смешен и срамен
Во целата дебата
сега се вклучи и Луис Енрике, кој исто така смета дека Лука Модриќ не е
најдобар фудбалер. Но неговата изјава сигурно нема да му се допадне на
Кристијано Роналдо, бидејќи селекторот на Шпанија вели дека Лео Меси треба да
ја добие оваа награда, Аргентинецот бил скалило над сите други.
„Модриќ и Ракитиќ
заслужуваат индивидуални награди, но кога зборуваме за најдобриот во светот, оваа
награда треба да му се даде на Лео Меси, кој е едно скалило над сите други“ –
вели Луис Енрике, кој сепак можеби е пристрасен со оглед на тоа дека три сезони
му беше тренер на Аргентинецот, а има и голема историја со Барселона.