254
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике вели дека негова е одлуката да не го користи Џиџо Донарума повеќе во тимот.
Донарума беше изоставен од тимот на ПСЖ за утрешниот меч против Тотнем од Суперкупот на УЕФА. Италијанецот веќе не е во плановите на Луис Енрике.
„Тоа што Донарума е надвор од составот е моја одлука. Јас сум 100 проценти одговорен“, рече Луис Енрике.
„Сакам поинаков вид на голман и јас ја донесов оваа одлука. Џиџо е еден од најдобрите голмани во целиот свет“.