15
Луис Енрике е прогласен за тренер на годината во изборот на ФИФА, на свечената гала „The Best“ која се одржа во Доха.
Шпанскиот стратег ја имаше една од најуспешните сезони во кариерата, откако со ПСЖ ја освои Лигата на шампионите и ги собра сите домашни трофеи во Франција. Ваквите резултати го направија изборот на Енрике очекуван и без поголемо изненадување.
Минатата година признанието му припадна на Карло Анчелоти, а сега негов наследник на тронот е токму Луис Енрике, кој зад себе остави силна конкуренција и ја заокружи доминантната сезона со уште едно големо индивидуално признание.