Луис Енрике: Да постигнеме еден гол, Камп Ноу ќе го донесе вториот, третиот сам ќе дојде

by
2 минути читање

Пред
„Каталонците“ е нова огромна пречка за избегнување елиминација од најелитното
европско натпреварување.

Избраниците на
Луис Енрике утре ќе треба да надополнат негатива од 3-0 во дуелот со Јувентус.

Тие веќе приредија
историски кам-бек откако во дуелот со ПСЖ се вратија од негатива од 4-0, и на
реваншот на Камп Ноу славеа со 6-1.

„Против ПСЖ ни
требаа четири гола, сега ни требаат три
– рече Луис Енрике на средбата со медиумите.

„Но на ум треба
да имаме дека противникот ќе реализира една од шансите, па наша цел е да
постигнеме пет голови
.

„Да постигнеме еден гол рано, Камп Ноу ќе го донесе вториот, третиот сам ќе дојде“.

„Се надевам дека
никој нема да го напушти стадионот уште во 80. минута. Сигурен сум дека
навивачите ќе имаат можност да доживеат уште една историска вечер. Барса може
да постигне три гола за три минути“.

„Немаме што да
загубиме, противникот веќе го има полуфиналето во џеб. Ќе треба да одлучат дали
да се бранат или да напаѓаат. Ние немаме избор, морама да напаѓаме, напаѓаме,
напаѓаме…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани