379
Луиз Дијаз кој е еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул на крајот од сезоната ќе го напушти премиерлигашот и кариерата би можел да ја продолжи во Барселона.
Медиумите пренесуваат дека Диаз речиси и да ги договорил сите услови со каталонскиот гигант, а новинарот Фабрицио Романо известува дека трансферот е блиску до реализација.
Во овој момент не се откриваат декатали, меѓутоа се наведува дека Колумбиецот ги има договорено личните услови, меѓутоа следат преговори со Ливерпул.
Во дресот на Ливерпул, Дијаз настапува од 2022 година, претходно беше дел од Порто.