Луис Диаз му посака брзо опоравување на Ашраф Хакими откако со остар старт го повреди десниот бек на синоќешниот натпревар помеѓу Баерн Минхен и ПСЖ во Лигата на шампиони.
Ашраф Хакими со солзи во очите ја напушти пресметката помеѓу Баерн и ПСЖ, десниот бек предвреме го заврши натпреварот по еден опасен старт на Луис Диаз, кој доби црвен картон.
По последниот свиреж, „парижаните“ останаа дополнително разочарани по една невкусна шега на Јосип Станишиќ.
„Што му кажавме на Луис Диаз? Па му се заблагодаривме“ – рече Хрватот со насмевка на лицето. „Се шегувам! Тој беше среќен со победата, исто како и сите ние други“.
Луис Диаз сепак ги смири страстите откако се огласи на социјалните мрежи и се извини.
„Ова беше ноќ полна со емоции. Фудбалот не потсетува дека во 90 минути се може да се случи, и најдоброто, и најлошото. Жал ми е што не го завршив натпреварот заедно со соиграчите, но горд сум на трудот кои тие го вложија“ – напиша фудбалерот од Колумбија, кој ги постигна двата гола за победа од 1-2.
„Му посакувам брзо опоравување на Хакими“.