Лудо сценарио: Премиер лигата наредната сезона може да има 11 клубови во европските натпреварувања

by Стефан
2 минути читање

Премиер лигата вообичаено добива по четири места во Лигата на шампионите, додека петтото оди во Лига Европа кадеш то се пласира и победникот во ФА Купот, додека уште едно место има во Конференциската лига каде што оди и победникот од Лига купот. Но, сега постои можност наредната сезона најсилната англиска конкуренција да има дури 11 претставници во европските натпреварувања.

Имено, првото зголемување ќе дојде со тоа што Англија најверојатно ќе добие дополнително место во Лигата на шампионите поради зголемување на наионалниот коефициент.

Дополнителни три места може да добијат по овие сценарија:

Англиски клуб ја освојува Лигата на шампионите, но не завршува во Топ 5 во Премиер лигата: Единствениот реален кандидат за тоа е Астон Вила, која моментално не е меѓу најдобрите пет, но сè уште се бори за европска титула.

– Англиски клуб ја освојува Лигата на Европа, но не е меѓу првите седум во Премиер лигата: Најголеми шанси за ова имаат Тотнем или Манчестер Јунајтед, кои се далеку од врвот.

– Англиски клуб ја освојува Конференциската лига, но не е во Топ 7: Тука клучен играч би можел да биде Челси, кој сè уште е во трката.

Во случај да се исполнат сценаријата Англија би имала седум клубови во Лигата на шампионите, два во Лига Европа и еден во Конференциската лига. Дополнителното едно место би е обезбедило преку победниците во куповите.

Кога победниците на ФА Купот и Лига Купот веќе се квалификуваат во Европа преку лигата, нивните места би се префрлиле на Премиер лигата, што значи дека и 11-топласираниот тим би можел да добие место во Конференциската лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани