Лудо прво полувреме, Левандовски се врати со хет-трик, Барса му се доближи на Реал (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Барселона славеше на гостувањето кај Селта со 2-4, Роберт Левандовски се врати во стартниот состав и забележа хет-трик.

„Каталонците“ го искористија киксот на Реал Мадрид и се доближија на -3 до лидерот на табелата откако вечерва триумфираа на гостувањето кај Селта.

Во едно лудо прво полувреме со пет гола, Левандовски од пенал донесе 0-1 во 10. минута, но веќе во следниот напад домаќините изедначија на 1-1.

Левандовски во 37. минута погоди за 1-2, но Иглесиас пет минути подоцна реализираше за 2-2.

Сепак, Барселона на пауза замина со предност, Ламин Јамал длабоко во судиското надополнување на првиот дел погоди за 2-3.

Продолжението од мечот не беше толку возбудливо, љубителите на фудбалот видоа само еден погодок, Левандовски, за кого ова беше прв старт по повеќе од еден месец, во 74. минута забележа хет-трик и ги постави конечните 2-4.

ФОТО: X/FC Barcelona

Можно е и ова да ти се допаѓа

×