Лудо „Дерби на Италија“ со два пресврти и седум гола, Аџиќ во 91. минута донесе славје за Јуве (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Јувентус го совлада Интер во големото „Дерби на Италија“, во натпревар со два пресврти и седум погодоци, младиот Василије Аџиќ донесе огромна радост со проектил од 30 метри во 91. минута од мечот.

Јувентус слави во пресметката со вечниот ривал Интер, домаќините стигнаа до трите бода во финишот од мечот, а херој е младиот Василија Аџиќ.

Кели ја донесе „старата дама“ во предност, Чалханоглу изедначи на 1-1 по половина час игра, но Јилдиз во 38. минута биеше прецизно за 2-1.

Чалханоглу во 65. минута повторно изедначи, за Маркус Турам да донесе пресврт во 76. минута и предност на Интер од 2-3.

Но во 83. минута, на спротивната страна Кефрен Турам возврати на ист начин, по еден прекин со глава реализираше за 3-3.

Возбудувањата кулминираа во судиското надополнување, кога младиот црногорец Аџиќ погоди од 30 метри за 4-3 и огромно славје на трибините.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×