Лудо било на роденденот на Јамал, се славело до 9 часот наутро! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Изминатата вечер Ламин Јамал го славеше својот 18. роденден, големата ѕвезда на Барселона направи луда забава на Ибица која траела до рано изутрина.

Шпанските медиуми пишуваат дека Јамал со луда забава го прославил полнолетството. Тој утрово објави и кратко видео на својот Инстаграм профил кое дава некоја слика за тоа каква била атмосферата.

На социјалните мрежи се појави и снимка на која може да се види како Балде и Гави добро се забавуваат, додека со интересна порака на социјалните мрежи се огласи Џек Грилиш.

„Среќен роденден! Не ми се верува колку времето брзо поминува, како вчера да имаше 17“, напиша Грилиш под една од фотографиите на Јамал.

Исто така се појави и фотографија од поголема торта на која беше оставена порака која алудираше на поврзувањето на младиот фудблаер со повозрасни девојки во изминатиот период.

Нема многу видеа од самата прослава бидејќи едно од правилата на роденденот беше забрана за користење на телефоните.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×