Унаи Емери повторно е кобен за својот поранешен клуб, овојпат Астон Вила со 2-1 славеше над Арсенал со гол во последните моменти од натпреварот.
Астон Вила поведе во 36. минута со гол на Кеш, а по седум минути игра во вториот дел Тросар изедначи на 1-1.
И двете екипи имаа шанси за водство, но како одминуваше времето се чинеше дека на овој дуел ќе нема победник.
Сепак во 95. минута по една мешаница во шеснаесетникот на Арсенал, најдобро се снајде Буендија кој во игра влезе во 87. минута, тој погоди и донесе победа на Астон Вила од 2-1.
Со оваа победа Астон Вила се качи на второто место со само три бода зад Арсенал.