Лудница на Африканскиот Куп на Нации: Буркина Фасо губеше до 95-та минута, а на крајот – победи! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Попладнево го видовме најлудиот натпревар од почетокот на Африканскиот Куп на Нации во кој Буркина Фасо славеше победа над Екваторска Гвинеја со 2-1.

Првото полувреме не донесе премногу возбувања и мрежите мируваа, а во Гвинеја се соочија со проблем кога црвен картон во 50-тата минута заработи Ндонг.

Но, и во таква ситуција преку резервистот Аниебо стигнаа до водство во 85. минута. Кога изгледаше дека ќе видиме изненадување следуваше луда завршница.

Прво Миногу израмни на 1-1 во 95. минута, а потоа Тапсоба во 98. минута се погрижи за целосен пресврт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×