Лудница каква што немало одамна: Јунајтед и Бормут го одиграа натпреварот сезоната! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Манчестер јунајтед и Бормут вечерва го одиграа најдобриот натпревар од почетокот на сезоната во Премиер лигата во кој на крајот можеби и најправедно немаше победник и средбата зааврши со по четири гола на двете страни (4-4).

Избраниците на Рубен Аморим го започнаа шоуто со голот на Диало во 13-тата минута. Бортмут во 40-тата минута со голот на Семењо дојде до израмнување. Јунајтед сепак на одмор замина со водство благодарение на Касемиро кој во четвртата минута од судиското продолжение на првиот дел погоди за 2-1.

Почетните минути во второто полувреме донсоа вистински шок за домаќиите. Прво Еванилсон по неполна минута израмни на 2-2 за во 52-та минута Таверниер да стрела за целосен пресврт.

Кога изгледаше дека Манчестер јунајајтед за првпат во својата историја ќе загуби натпревар во кој водел на полуврремето дома, блеснаа Фернаадеш и Куња. Португалецот маестрално стрелаше од слободен удар во 77-та минута, а Куња само две минути подоцна погоди за пресврт и водство од 4-3.

Но, Бормут не се откажа и Кропуи во 84. минута се погрижи за 4-4. До крајот во последните моменти Бормут можеше да дојде и до петти гол, меѓутоа Леменс со две одлични одбрани го спаси својот гол.

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×