Лудите бројки од новиот договор на Халанд

by bojan
1 минути читање

Ерлинг Халанд стави потпис на нов договор со Манчестер Сити до 2034 година, напаѓачот ќе биде најплатениот фудбалер во Премиерлигата.

Главна вест на „островото“ денеска е новиот договор на Ерлинг Халанд, напаѓачот се обврза кон „граѓаните“ до 2034 година.

Платата на Ерлинг Халанд ќе биде рекордна за Манчестер Сити, и една од најголемите во светот на фудбалот.

Како што пренесува весникот Сан, основните примања ќе бидат 26 милиони фунти по сезона, плус бонуси, плус имиџ права.

Доколку се земе само основната плата, Ерлинг Халанд секој месец ќе заработува 2.166.666 фунтуи, секоја недела ќе заработува околу 500.000 фунти, секој ден ќе заработува околу 71.000 фунти, односно околу 3.000 фунти секој час.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани