Поранешниот
дефанзивец на Барселона, Карлес Пујол за малку ќе му нанесеше тешка повреда на
Фил Невил на натпревар помеѓу Шпанија и Англија во рамките на „Star Six“ турнирот во Лондон на кој настапуваат
некогашните ѕвезди во формат на тимови составени од пет плус еден.
Некои медиуми за
ова напишаа: „И додека
Џерард, Овен, Пирес, Балак, Деко и Окоча и натаму покажуваат дека не се за
старо железо, Пујол и натаму мисли дека игра финале во Лигата на шампионите“,
нема сомнение стартот над Фил Невил ги згрози сите.
По ова, стигна
извинување од Пујол на социјалните мрежи, на кои наведе дека немал намера да го
повреди поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед.
„Извини, се надевам дека твоето колено е добро, немав намера да го направам тоа“ напиша Пујол.
Инаку, што се однесува пак до исходот од мечот, Шпанија славеше со 4-1.