Лудило во Салцбург, Звезда даде 2 гола за 60 секунди и по 26 години се пласираше во Лигата на шампионте! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Црвена звезда ги
помина квалификациите во Лигата на шампионите. Во луд натпревар во Австрија,
шампионот на Србија за 60 секунди постигна два гола и обезбеди прогрес вo групната
фаза за прв пат по сезоната 1991/92.

Ред Бул Салцбург
се чинеше дека е на чекор до прогрес откако пред финишот на првиот дел Дабур
погоди за 1-0, а истиот играч од пенал на стартот од вториот дел зголеми на
2-0.

Сепак потоа
следуваа магични 60 секунди за гостите. Во 65. минута Дегенек украден една
топка и го проигра Бен за 2-1, а веќе во следниот напад падна нов гол во режија
на овие двајца играчи. Дегенек умешно го лобуваше голманот на домаќините, а Бен
на гол линијата го потврди погодокот за 2-2.

Пласман во
групната фаза од Лигата на шампионите вечерва обезбеди и Бенфика откако со 1-4
славеше на гостувањето кај ПАОК, а билетот го чекираше и ПСВ откако стигна до
нова победа над БАТЕ Борисов, овој пат пред своите фанови со 3-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×