Карло Анчелоти открива како еден обичен телефонски повик донел неочекувана пресвртница и враќање на „Сантијаго Бернабеу“.
Летото во 2021 година, Карло Анчелоти кроел планови како да го засили Евертон, се јавил кај својот поранешен клуб Реал Мадрид за да види дали може да ангажира некој квалитетен играч.
Но наместо трансфери, двете страни договориле соработка и враќање на Карло Анчелоти на „Сантијаго Бернабеу“.
„Се јавив за да прашам дали можам да купам некој играч за Евертон, и во еден момент од разговорот, прашав дали одбрале нов тренер“ – раскажува Карло Анчелоти.
„Им кажав дека треба да го ангажираат најдобриот… и на шега прашав дали ја заборавиле 2014 (годината на „Десима“ и 10-тата титула во Лигата на шампиони)“.
По овој разговор, Карло Анчелоти се врати на кормилото на Реал Мадрид и освои осум трофеи (Ла Лига 2022 и 2024, Лигата на шампиони 2022, Копа дел Реј 2023, Суперкупот на Шпанија 2022 и 2024, Суперкупот на УЕФА 2022 и Светското клупско првенство 2022).