Луда завршница на првенството во Холандија: Ајакс испушти огромна предност!

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Ајакс од Амстердам ја доживеа една од најголемите драми во поновата историја на холандскиот фудбал, откако веројатно ја испушти речиси обезбедената титула во Ередивизие.

По одиграни 29 кола, Ајакс имаше 73 бодови, девет повеќе од ПСВ Ајндховен и многумина сметаа дека прашањето за новиот шампион е завршено. Но, наместо рутински финиш, гигантот од Амстердам“ влезе во серија катастрофални резултати кои скапо ги чинеа.

Во последните четири кола Ајакс освои само два бода, прво беше поразен со 4-0 од Утрехт, одигра нерешено дома со Спарта Ротердам, а потоа следуваше уште еден тежок пораз, овојпат од НЕЦ со 3-0 на „Јохан Кројф арена“. Денес, ситуацијата кулминираше, Ајакс водеше со 2-1 против Гронинген, имаше и играч повеќе, но прими гол во 9. минута од судиското надополнување, па средбата заврши 2-2.

Од друга страна, ПСВ не само што не грешеше, туку и доминираше, славеше на гости кај Твенте, дома ја победи Фортуна Ситард, потоа на спектакуларен начин го совлада Феенорд, а денес го победи Хераклес и со тоа стигна на врвот со 76 бодови. Пред последното коло, ПСВ е прв, Ајакс втор со 75 бодови и тешко е да се верува дека од Ајндховен ќе ја испуштат оваа прилика.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×