Луда ситуација: Баерн снема голмани – четворица се повредени!

by riste
1 минути читање

Баерн Минхен се соочува со несекојдневен проблем, дури четворица голмани се повредени, па на следниот меч ќе брани 16-годишник.

Мануел Нојер веќе некое време поради повреда е надвор од теренот, а Јонас Урбиг доживеа потрес на мозокот на дуелот против Аталанта.

Свен Улрајх се повреди на мечот со Баер Леверкузен, а повреден е и четвртиот чувар на мрежата, Леон Кланац.

Поради тоа, на реваншот против Аталанта ќе брани 16-годишниот голман, Леонард Прескот.

Проблемите го натераа Баерн да го вклучи младиот голман во првата екипа. Тој веќе беше и резерва на првиот меч со Аталанта.

Прескот е роден во Њујорк, а висок е 196 сантиметри и досега настапуваше за младинските репрезентации на Германија.

Баерн го доби првиот меч со Аталанта во Бергамо со неверојатни 6-1, па се чини дека Прескот нема да има голем притисок. Ова е негова шанса да се докаже на големата сцена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×