Луда победа на Хрватска, Данска е елиминирана! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Без многу фудбалска убавина, но со неверојатна драма се одвиваше мечот меѓу Хрватска и Данска, на крајот Хрватите се тие кои се радуваат, а Данците можат да жалат што не ги искористија одбраните на Шмајхел во пенал серијата.

Натпреварот почна спектакуларно, уште во првата минута по една катастофална грешка на одбраната на Хрватска, Јоргенсен постигна гол за водство на Данска од 1-0.

Само три минути подоцна, Хрватска го израмнува резултатот, топката дојде до Манџукиќ кој ја смести во мрежата на Шмајхел за 1-1.

И наспроти очекувањата кои произлегоа од стартот на натпреварот, мечот во продолжението главно се играше на средината од теренот без посериозни шанси за гол. Особено мирно беше во второто полувреме.

Откако регуларните 90 минути завршија 1-1, се премина кон продолжение, а пред нивниот крај се случи момент кој можеше да биде клучен за победникот, но за среќа на Модриќ не беше.

Ребиќ излезе еден на еден со Шмајхел, успеа да го помине голманот на Данска, но пристигна Јоргенсен кој направи пенал. Судијата покажа на белата точка, Модриќ шутираше во 116. минута и промаши, Каспер беше поуспешен.

Натпреварот отиде во пенали, а тие беа исто така драматични како и завршетокот на продолженијата.

Субашиќ имаше дури три интервенции, им одбрани пенали на Ерисен, Шоне и Јоргенсен. Шмајхел фати само два пенали, на Бадељ и Пивариќ и на крајот Хрватите се радуваа, особено Модриќ на кој му падна голем товар од плеќите.

Хрватска е во четвртфиналето каде ќе игра против домаќинот Русија, заврши Светското првенство за Данска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани