Луда коинциденција: Еве зошто Англичаните мислат дека ќе бидат Светски шампиони

by
3 минути читање

Првата онлајн обложувалница на македонски јазик, BetAdria.com ни носи една интересна вест, паралела на 1966 година и 2018 година која ги возбуди англиските навивачи.

Историјата на англискиот репрезентативен фудбал е полна со разочарувања, неисполнети очекувања, дури и срамни настапи на Мундијалите. Овој пат немаше некоја посебна еуфорија на островот пред почетокот на Светското првенство во Русија, но само малку требаше за таа да се вивне високо како претходно.

Англија добро го стартуваше првенството, со победа над Тунис, но она што го разбуди оптимизмот кај Англичаните беше победата од дури 6-1 над Панама. Поразот од Белгија не влијаеше на расположението, бидејќи тој можеби беше и намерен, за да се избегне потешкиот пат до финалето.

Остатокот од светот дури и им се смее на Англичаните кога тие ќе помислат дека можат до трофејот, но тие повторно веруваат. А постои и една луда коинциденција која уште повеќе ги пали фановите на Англија.

Тие досега еднаш биле светски шампиони, во 1966 година, и тогаш се случиле неколку работи кои се се случија и оваа година. 

Во 1966 година Реал Мадрид станал европски шампион, Барнли се квалификувал во Европа, Манчестер Сити ја освоил лигата, а Челси завршил на петтото место. Англија станала Светски шампион.

Оваа година Реал Мадрид стана европски шампион, Барнли се квалификува за Европа, Манчестер Сити ја освои Лигата, Челси заврши на петтото место. Ќе биде ли Англија шампион?

Тешко е за верување, но зошто да не. Англија со поразот од Белгија отиде во полесната половина која атакува на финалето. Во осминафиналето играат против незгодната Колумбија, ако ја поминат ќе го добијат подобриот од дуелот меѓу Шведска и Швајцарија, со било која од овие селекции би биле големи фаворити. Во полуфиналето ќе играат со некоја од Шпанија, Русија, Хрватска или Данска, а ако стигнат до финалето, таму може се да се случи.

Коефициентот на BetAdria.com за Англија да го добие мечот со Колумбија е 2,12. Англичаните за разлика од Колумбијците ќе бидат многу посвежи за овој дуел бидејќи мечот со Белгија го одиграа со вториот тим. Колумбија даде се од себе за да го добие натпреварот со Сенегал, а сериозен проблем за нив е и повредата на Хамес Родригез кој е неизвесен за осминафиналето. Англија има поквалитетен состав, го има и Хари Кејн кој постигна пет гола на два натпревари. Сите параметри се на страната на Англичаните.

Прати го трендот, обложувај се онлајн, BetAdria.com Ви нуди одлични коефициенти и голем број на игри за секој натпревар. Регистрирај се ТУКА и почни да се обложуваш од дома. Уживај во фудбалот и прави пари со BetAdria.com.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани