Луд меч со осум гола во Торино, Јуве на неверојатен начин се спаси од пораз! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Првиот ден од новата сезона во Лигата на шампионите понуди вистински спектакл во Торино, мечот меѓу Јувентус и Борусија Дортмунд заврши 4-4, а сите осум погодоци беа постигнати во второто полувреме. Италијанскиот тим се спаси од пораз со два гола во судиското продолжение.

Иако имаше осум гола, резултатот беше отворен дури во 52. минута од натпреварот кога Адејеми донесе водство за Дортмунд.

Јилдиз во 63. минута го изедначи резултатот на 1-1, но две минути подоцна Нмека ја врати предноста на Дортмунд.

За нов гол се чекаше исто така две минути, овојпат Влаховиќ погоди за израмнување на 2-2.

Во 74. минута Коуто го врати водството на Дортмунд, а Бенсабани од пенал во 86. минута погоди за предност на Дортмунд и од 4-2.

Истекоа 90 минути, почна судиското продолжение, па никој не веруваше дека Дортмунд од оваа ситуација може да остане без победа, но тоа се случи.

Влаховиќ во 94. минута намали на 4-3, а две минути подоцна Србинот асистираше до Кели за конечни 4-4.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×