Луд меч со осум гола и драматична завршница, Барса два пати погоди во продолжението и избегна пораз (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Виљареал води жестока битка за опстанок, а Барселона има голема предност на врвот, па Валверде се одлучи мечот да го почне без Лео Меси, а на клупата беше и Пике.

Барселона одлично го започна мечот, по 16 минути игра имаше водство од 2-0 со голови на Кутињо и Малком. Во тие моменти се чинеше дека лесно ќе дојдат до трите бода.

Во 23. минута Виљареал преку Чуквуезе намали на 2-1 и се врати во живот, а по пет минути игра со гол на Екамби го изедначи резултатот на 2-2.

Валверде виде дека не оди, па во 61. минута го внесе во игра Меси на местото од Кутињо, но работите не се подобрија.

Барселона прими уште два гола, Ибора во 62. минута погоди за комплетен пресврт и водство на Виљареал од 3-2, а Бака на десет минути до крајот ја затресе мрежата на Каталонците за 4-2.

Во 86. минута Виљареал остана со играч помалку откако Алваро доби и втор жолт картон, тоа како да им создаде нервоза на домаќините.

Мечот влезе во судиското продолжение и изгледаше како да и нема спас на Барселона, но не беше така.

Меси постигна гол од слободен удар и намали на 4-3, а Суарез буквално во последниот напад го изедначи резултатот на 4-4 и ја спаси Барселона од пораз.

Претходно Атлетико Мадрид ја совлада Жирона со 2-0, а Еспањол и Хетафе одиграа 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×