Луд меч на Вембли, Ватфорд го победи Волвс и закажа финале со Манчестер Сити (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Вистинска драма се случуваше во второто полуфинале од ФА Купот по која се радуваа играчите на Ватфорд.

Волверхемптон добро го почна мечот, со гол на Доерти во 36. минута поведоа со 1-0, а Хименез во 62. постигна погодок за 2-0.

Делофеу во игра влезе во 66. минута и беше херојот на Ватфорд. Најпрво во 79. минута постигна фантастичен гол и го врати својот тим во живот.

Течеше судиското продоложение кога Ватфорд доби пенал. Дини беше прецизен од белата точка и го изедначи резултатот на 2-2. Па се премина кон продолженија.

Во 104. минута Делофеу постигнува уште еден гол, овој пат за комплетен пресврт и победа на Ватфорд од 3-2.

Тие во финалето од ФА Купот ќе играат против Манчестер Сити кој синоќа со 1-0 го победи Брајтон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×